Дали ви се познати ефектите од истегнувањето на мускулите?
Истегнувањето ги прави мускулите повеќе флексибилни.
Доколку вашите мускули не биле долго време активни или доколку напорно тренирате, голема е можноста да дојде до грчење и контракции кога на пример ќе играте фудбал или баскет.

Ако ги истегате мускулите, вашето тело ќе биде пофлексибилно.
Дали го помните воспалението на мускулите кое сте го имале при првото вежбање или при тешката физичка работа? За да ги избегнете овие несакани појави пред активноста треба да си ги истегнете мускулите.
Најверојатно сте забележале дека спортистите се загреваат пред да излезат на натпревар.
Тие прво ги загреваат своиуте мускули, па потоа ги истегнуваат. Тоа им обезбедува поголема флексибилност на телото. Мускулите се истегнуваат и по завршувањето на натпреварот.
Важно е да знаете дека се истегаат претходно загреани мускули. Немојте да истегнувате претходно не загреаните мускули бидејќи можете дополнително да ги оштетите веќе болните мускули.

You must be logged in to post a comment Login