Време на подготовка: 60 минути / ќе послужите: 4
- 1,2 кг лупени патлиџани од конзерва
- 3 млади лукчиња, ситно сецкани
- 3 чаени лажички маслиново масло
- Сол и црн бибер, по желба
- 1 жолчка
- 1 ½ чаша рикота сирење, собна температура
- 350 грама тестенини лазања, 1 кутија
- 250 грама моцарела, рендана
- ¼ чаша рендан пармезан
Чекор 1
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во блендер исзблендирајте ги патлиџаните. Во длабоко тенџере ставете ги патлиџаните, лукот и маслиновото масло и оставте да зовриат. Зачинете со сол и црн бибер. Ставете на тивок огин и гответе додека смесата не стане густа, околу 12 минути (треба да имате околу 5 чаши мариниран сос).
Чекор 2
Во меѓувреме во длабок сад измешајте ги жолчката, моцарелата и рикотата и додајте по пола чаена лажичка сол и бибер (оставете околу 50 грама моцарела за врвот на лазањите).
Чекор 3
¼ од сосот распоредете го на дното од огноотпорен сад и на тоа почнете да ги распоредувате лазањите, прво еден слој од тестените (по потреба крешете ги за да се собереат и распоредат). Истурете над нив пола од мешавината од сирењата, подеднакво распоредено. Ставете го вториот слој од тестенините, прелејте со 1 ½ чаша од сосот. Додајте го третиот слој од тестенините и врз него преостанатото сирење. Наредете го четвртиот ред , финален и врз него преостанатиот сос. Попрскајте со ренданата моцарела и пармезанот од горе.
Чекор 4
Печете ја лазањата додека не добие убава златна боја, 30 до 35 минути. Оставете да се олади 10 минути пред да ја послужите.

You must be logged in to post a comment Login