Како да не бидеме инспирирани на нежноста на Грејс Кели, заводливи како Софија Лорен или префинето како Обри Хепбурн? Икони кои евоцираат совршенство, а во исто време и исклучителна сензуалност. Бледата кожа, мат сенката и црниот молив за очи се идентификатор на префинет изглед на оваа деценија.
Доколку сакате да го копирате овој изглед, заборавете на темните бои. Повторно земете ги пастелните и женствени нијанси на сенки, лакови и кармини. Оваа шминка е идеална за сите жени со посветол тен.
- Изедначете го тенот со пудра или ВВ крема па потоа коректор . Немојте да претерувате со количината.
- Очите благо исенчајте ги со сенка, со кафена, сива или синкаста нијанса.
- Во внатрешноста на долниот капак од очите нанесете бел молив, а од надворешната страна повлечете тенка линија со црн туш.
- Да трепките нанесете црна маскара.
- Веѓите средете ги со помош на молив или сенка за веѓи.
- На усните нанесете кармин во нежна розевкаста нијанса.
- На јаболчниците ставете малку руменило.
- Со хајлајтер нагласете ја јаболчната коска, носот и делот испод веѓите.
Напомена: со ваква шминка одлично стои секси натапирана фризура.

You must be logged in to post a comment Login