Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

6 пијалоци за здраво и убаво лице

Убавата кожа е резултат на здравата исхрана, добра хидратантност на телото и одговарачки козметички режим. За да нбрзина го вратите сјајот на вашата кожа, послужете се со овие делотворни пијалоци кои можете да ги направите и во вашиот дом.

Обична вода – Во рамномерни интервали дневно пијте по 8 чаши обична негазирана вода. Ништо не ја освежува кожата како водата. Таа го одржува еластицетот на оптимално ниво и така го креира здравиот изглед.

Водена инфузија со свежа краставица –  Краставиците содржат 90 % вода, поради која се наметнува како одличен сојузник во хидратација на кожата. Покрај тоа, тие се богати со минерали како магнезиум и калиум кои го одржуваат ph нивото. Затоа е добро пред спиење да испиете чаша обична вода во која сте исецкале или издробиле половина свежа краставица и малку лимонов сок.

Сок од шипка –  Навечер испијте чаша природен сок од шипка. Шипката е намирница со големо количество на витамин Ц, каде има двапати повеќе антиоксиданти од зелениот чај. Тој помага за уцврстување на тонусот на кожата.

Пијалок од кељ – Утрото започнете го со вкусен и здрав пијалок од кељ. Кељот е мултивитаминска намирница за кожата. Измешајте 200 грама свеж кељ во листови со 100 ml природен сок од зелено јаболко, мало стебло целер, една лажица исцеден сок од лимон и неколку коцки мраз.

Соино млеко – Наутро испијте кафе со млеко од соја. Флавонидите од сојата го одржуваат колагенот во кожата и така спречуваат појавување на бори.

Зелен чај – Напладне испијте две шолји зелен чај. Тој е преполн со антиоксиданси како полифенол кој ја штити кожата од штетните UV зраци и ја намалуваат опасноста од изгореници. Покрај тоа, помага и во намалување на црвенило на лицето и други евентуални запаленија.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement