Докажано е дека тинејџерите кои многу време поминуваат пред компјутер или кои гледаат во екран на смартфонот, пократко спијат и имаат проблеми со главоболка и напнатост, посебно ако тие работи ги користат пред спиење.
Истражувањето во 2012 го спровел Центарот за здравјето на децата во Берген кое опфатило околу 10.000 млади со возраст помеѓу 16 и 19 години. Експертите ги прашувале како спијат, колку долго гледаат во мобилните и каква врста на уреди користат. Повеќето одговориле дека им се потребни од 8 до 9 часа спиење за да се чувствуваат одморено.
Кај оние кои ги користеле мобилните и компјутерите од 4 часа во денот било и до три пати повеќе веројатноста дека во текот на ноќта спијат помалку од 5 часа, а дека им било потребно повеќе од 60 минути да заспијат.
Од друга стана пак, помал е ризикот од умерен и краток сон доколку користат пред спиење мпр плеер, конзола или телевизор.

You must be logged in to post a comment Login