Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Ветувања кои никогаш не смеете да им ги дадете на вашите деца!

Децата се многу паметни и добро го помнат секое ваше ветување, а доколку не го исполните ќе ги разочарате.

Професорката Силвија Рус, која се занимава со нега и воспитување на деца, а воедно е и автор на книга за деца, напоменува дека децата се големи ситничари кога се работи за ветувањата – вашиот збор е ваша обврска.

“Ако прекршите ветување ја губите довербата на детето”, тврди таа.

Следат неколку вообичаени ветувања кои родителите ги даваат и ги кршат или едноставно не се добри за нивниот развој:

Ветувам дека нема да боли

Болката е субјективна, па вадењето на фластер можеби за вас е ситница ама детето може тоа да го доживее поинаку. Наместо да кажете дека нема да боли кажете: “Можеби малку ќе боли, но брзо ќе помине”.

Ветувам дека ќе си дојдам дома пред да легнеш

Бидете внимателни со ветувањата кога околностите се вон ваша контрола, како што се гужвата во сообраќајот или итен деловен состанок. Наместо тоа кажете: “Ветувам дека ќе дадам се од себе да дојдам дома порано”.

Ветувам дека следната недела ќе одиш кајдругарчето, ама нема денес

Децата памтат детали. Ако кажете следната недела, тие ќе се држат до тоа. Понудете им подобра алтернатива: “Ќе разговарам со мајката на другарчето и ќе пробам да договорам дружење кога на сите ќе ни одговара”.

Ветувам дека ќе те однесам на сладолед кога ќе си ја средиш собата

Со подмитување нема да му помогнете на детето да се мотивира. Прескокнете го ветувањето за слатки и помогнете му да ја сфати смислата на причина и последица. Пробајте нешто вака: “Треба да си ги расчистиш твоите играчки затоа што некој би можел да се сопне и падне”.

Ветувам дека кога ќе ја напишеш домашната задача ќе бидеш најпаметното дете во одделение

Помогнете му на детето да ја научи вредноста на учењето, наместо по секоја цена да биде најдобар. Кажете му: “Пишувањето на домашното ќе ти помогне да пораснеш и научиш”.

Ветувам дека утре ќе биде подобро

Родителите го сакаат најдоброто за своите деца ама понекогаш децата само сакаат да  ги ислушате и да ги сфатите нивните чувства. Добар начин како да го направите тоа? Кажете: “Звучи како да си имал тежок ден”.

Ти ветувам дека ќе одиме во аквапарк следната година за твојот роденден

Вашето дете сака нешто посебно и вие сакате да му го пружите тоа, ама поголемите патувања бараат планирање и буџет.  Вклучете го и детето во целиот процес за да има претстава што се случува. Пробајте со: “Мислам дека аквапарк би бил забавен. Ајде да размислиме како да заштедиме и отидеме до таму”

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement