Кога станува збор за скијањето, најважно е да се зајакнат мускулите на задникот и нозете, како и вежби за стабилизација на зглобовите. За да ја зајакнете стабилноста, потребно е да ги зајакнете и стомачните мсукули.
Минимум три пати во текот на месецот треба да вежбате за да ги подготвите мускулите за скијање. Зајакнувањето на овој дел од телото е битен за да се избегне истегнување, поголеми запаленија, пукање на мускулите и сврзните ткива.
Одлична подготовка за скијање се возењето велосипед, одење во теретана или некоја програма за вежбање во групи. Но, ако сте љубител на самостојно вежбање во својот дом, тогаш погледнете го ова видео и уште денес почнете да вежбате.

You must be logged in to post a comment Login