Не е тајна дека најпроблематично место на лицето за брчки е пределот околу очите. Дури и во младоста можеме да приметиме брчки настанати од мимики, кои со текот на времето стануваат се подлабоки. Тие брчки ги издаваат нашите години. Затоа кожата околу очите треба редовно да се негува.
Маска од леб
Сосотјките се природни и едноставни. Мало парче бел леб натопете го во растопен путер или малку загреано масло. Добиената смеса нанесете ја под очите и оставете да делува 20-25 минути. Внимателно извадете ја и не се мијте.
Путер+чај од камилица и липа
Народен и делотворен лек, популарен и денес. Измешајте по 1 кафена лажичка иситнета сушена камилица и липа ипрелијте ги со 100 ml вода. Да се вари неколку минути. Поклопете го и оставете да отстои 15 минути. Процедете. 4 лажици од топлиот напиток, промешате ги со 2 лажици путер да се растопат. Оладената маска може да ја чувате во фрижидер 4-5 дена. Користете ја навечер, пред спиење. Откога ќе ја нанесете, не се измивајте.
Маска од мед
Совршено средство против брчки околу очите може да биде маската од мед. Измешајте пола кафена лажичка малку загреан мед со една жолчка и една кафена лажичка овесно брашно. Добро промешајте. Ако смесата е премногу густа додадете малку топло млеко. Маската се нанесува под очите 10 мин., не повеќе. Исплакнете со топла вода, па потоа со ладна.
Со редовно користење на овие чудесни природни маски, ќе има резултати веќе по еден месец – брчките постануваат невидливи, кожата околу очие негувана, мазна и нежна.
Ако немате доволно време за припрема на овие маски, користете само жолчка од јајаце. Мачкајте се секој втор ден. Оставете 20 минути, потоа измијте се.

You must be logged in to post a comment Login