Навистина е тешко да се ослободите од акните. Проблематичната кожа бара посебна нега. Редовното чистење, посебните препарати од кои многу се антибактериски и ја сушат кожата, до шминката која ќе ги прекрие неправилностите, но и дозволува кожата да дише. Ако ништо од тоа не е доволно, во својата рутина на нега вклучете и природни третмани кои сигурно ќе ви помогнат брзо да ги добиете саканите резултати.
Затоа што имаат јаки антибактериски својства, медот и циметот се идеални за нега на проблематичната кожа. Доволно е да три лажичиња со мед ги помешате со пола лажиче цимет, а смесата да ја нанесете на претходно исчистеното лице. Оставете да делува 15-20 минути, а потоа измијте го со млака вода. Маската нанесувајте ја на лицето 2 пати неделно.

You must be logged in to post a comment Login