Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Нокти во боите на летото

Многу е популарно и сликање на ноктите. Кога се мотивите во прашање не треба да се грижите, изборот е разноличен, па летото секогаш било посебна инспирација за nailart стручнаците.

Само убавите и негувани нокти привлекуваат внимание. Во лето најмногу доаѓаат до израз поради бојата и лесната облека, затоа е важно да направите добар избор на нијанси кои посебно ќе ги истакнат. Освен тоа многу е популарно и сликање на ноктите. Кога се мотивите во прашање не треба да се грижите, изборот е разноличен, па летото секогаш било посебна инспирација за nailart стручнаците.

Како зајдисонцето

Ова лето популарно е лакирањето на ноктите во нежно и интензивно портокалови нијанси. Портокаловите тонови најубаво стојат со исончан тен и светликави парчиња облека.

Морнари,море

3

Неизбежни се и морнарските линии, како и морските мотиви, како риби, школки, морски ѕвезди, сидра… Популарно е и лакирање во сите нијанси на сина, од посветли до потемни, така даваат ефект на бранови.

Цвеќе и овошје

2

Со цветните мотиви на ноктите ќе го освежите целокупниот изглед. Тука можете максимално да си поиграте со боите, во зависност од тоа што сакате. Одличен избор за лето се и разното сезонско овошје кое исто така изгледа многу интересно.

Тропски нијанси

И тие се симбол на лето, море, плажа… па во ова време од годината секогаш се врв на трендовите. Како и да ги носите ќе дојдат до израз. Можете и секој нокт да го преминете со различна боја, или само на еден нокт да комбинирате повеќе бои.

Маникир во две бои

Тренд на ова  лето е лакирање на ноктите во две бои, така што со светлиот ќе направите лак кај коренот од ноктот, а остатокот со потемен лак. Можете, на пример, да комбинирате бела и интензивно портокалово, или сина и сребрена, жолта и зелена…

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement