Ако сте во потрага по производ кој ќе ја ревитализира вашата кожа на сосема природен начин, секако, секогаш може да пронајдете нешто на полиците во вашата омилена продавница. Но, овојпат ние ви пренесуваме рецепт за потполно природен тоник кој ќе го сочува здравјето на вашата кожа и ќе и го врати нејзиниот природниот сјај.
Се’ што ви е потребно се краставица и јаболков оцет.
Потребно е да ја нагмечите краставицата, да го исцедите сокот и да го промешате со 50мл јаболков оцет. Мешавината сипете ја во чисто шишенце и користете го овој тоник секоја вечер за да го исчистите и освежите вашето лице.
Нанесете го на парче памук, а потоа нежно натапкајте ја кожата на лицето, вратот и деколтето. Овој едноставен тоник ќе го врати природниот сјај на вашата кожа.

You must be logged in to post a comment Login