Џамбомоливите се идеален сојузник на сите жени кои живеат брзо и немаат доволно време, трпение и вештина да ѝ се посветат на бојата на усните. Во нив се искомбинирани моливчињата за усни и карминот/сјајот во едно, поради кои ги карактеризира брзината и леснотијата на нанесувањето на бојата, која често може да се нанесе и без огледало, бидејќи пречникот на моливот е потесен од вообичаените кармини.
Текстурите на дебелите моливи варираат, па можете да се сретнете со најразлични: од проѕирни и сјајни, преку кремасти, до суви мат формули. Нивната предност во однос на кармините е во тоа што не можат да се истопат или скршат (што е честа појава во летните месеци).
Отпорната дрвна или пластична обвивка го чува јадрото на бојата, а тоа значи дека овие моливи можете да ги носите по торби, џепови или да ги оставате во автомобил без страв дека ќе се уништат. Дури и да им се скрши врвот, ви останува уште еден дециметар стик во боја. Доволна причина ова лето да имате макар еден, ако ништо друго, за да се нашминкате за 1 секунда!







You must be logged in to post a comment Login