Белиот лак е во тренд и доживува ренесанса оваа сезона, ако судиме според фотографиите кои трендсетерките ги постираат на своите Instagram профили. Млечната, етерична бела го освежува секој изглед, давајќи му софистицираност, а практично оди во пар со било кое парче облека и додатоци.
Ако сѐ уште не сме ве убедиле, верувајте дека тоа ќе го направат фотографиите кои ги селектиравме од Instagram за вас и кои докажуваат дека белиот маникир е свеж додаток во вашиот аутфит и можеби најдобриот детаљ кој можете да го имате ова лето!
Секако, вашите бели нокти можете дополнително да ги стилизирате со ситни светки или statement накити некаков ефектен часовник кој може да го носите во пар со лакот.Ниедна боја ова лето нема да изгледа помодерно и посвежо од млечната бела… Пробајте!







You must be logged in to post a comment Login