За едноставна маска со ефект на затегнување на кожата потребни ви се лимон и јогурт.
Исцедете го лимонот, односно една лажица и измешајте го со две лажици јогурт. Маската нанесете ја на претходно исчистено лице и оставете ја да делува додека не се исуши. Како времето одминува ќе почувствувате дека кожата се затегнува. По 20-тина минути маската измијте ја со топла, а потоа со ладна вода. Лицето нежно исушете го со тапкање на пешкир па потоа нанесете вообичаена хидратантна крема.

You must be logged in to post a comment Login