Состав:
-500 гр. иссчистени лигњи
-250 гр. тестенини
-1 кромид
-2 лажици сецкан магдонос
-1 црвена пиперка
-150 гр. шери домати
-200 гр. мајонез
-200 гр. шампињони
-2 дл. јогурт
-0,5 дл. соја сос
– 5 лажици масло
-мешан зачин
-сол, бибер
Подготовка:
1.Лигњите исечете ги на кругови, а шампињоните на листови, потоа испржете ги на малку масло. Додајте го соја сосот и зачинете по вкус и продолжете со готвење додека не омекнат.
2.Тестенините сварете ги во солена вода и исцедете ги. Кромидот исечете го на полукругови, пиперката на стапчиња, шери доматите на кругови.
3.Мајонезот и јогуртот исмешајте ги во посебен сад.
4.Во поголем сад соединете ги лигњите, шампињоните, тестенините, кромидот, пиперката, доматите и магдоносот. Прелијте ги со мешавината од мајонез и јогурт и полека измешајте.

You must be logged in to post a comment Login