Пилингот за усни потребно е да се прави секоја недела, а овој едноставен рецепт ќе ви помогне во тоа.
Нопходните состојки сигурни ги имате во вашата кујна, а совршени се за нежен пилинг кој е потребен за деликатната кожа на усните.
Потребно е:
-1 лажица бел шеќер
-пола лажица маслиново масло
-пола лажица мед
Подготовка:
Шеќерот ставет го во мал сад, додајте го маслиновото масло, а потоа и медот. Измешајте ги состојките додека не се создаде паста, која потоа можете да ја нанесете на усните. Усните потоа незно масирајте ги. Преостанатата смеса можате да ја чувате во затворен сад за наредната недела. Бидете внимателни бидејки прејак пилинг може да ја иритира кожата.

You must be logged in to post a comment Login