Состојки:
-200 гр. малини
-180 гр. шеќер
-2 кесички желатин
-50 гр. мед
-1/2 кесичка лимонтус
-1 лажица вода
За површината:
-150 гр. шеќер
Подготовка:
1.Во соодветен сад соединете ги малините и шеќерот со помош на миксер.
2.Додајте го желатинот и варете на умерена температура со постојано мешање, се додека не почне да врие.
3.Додајте го медот и варете неколку минути на умерена температура. Тргнете го садот од топлина и додајте ја мешавината од лимонтус и вода и убаво промешајте.
4. Во правоаголен сад обложен со хартија за печење, ставете ја смесата и оставете ја да се стврдне.
5.Кога смесата е стврдната, со помош на калапи правете ги посакуваните облици, а потоа извалкајте ги во шеќер.

You must be logged in to post a comment Login