Овој спортски доручек е идеален за сите оние кои денот треба да го почна на вистински начин со многу стил.
Состојки:
– 4 јајца
– 1 лажица соја со
– ½ црвен пипер
– 1 лажица масло
– 4 млади зелени кромиди исечени на кругчиња
– 100 грама фета сирење
Подтотовка:
Скршете ги јајцата во чинија, додадете соја сос и две лажици вода, изматете со жица или вилушка. Додадете сецкани коцки пиперка и оставете на страна.
Загрејте пола лажица масло во мало тефлонско тафче. Додадете пола количина од смесата од јајца и пржете додека не се стегнат. Полека префрлете ги од тавчето во чинијата и држете ги топло. Повторете ја постапката и за останатата половина.
Префрелте го омлетот на даска, па по средината ставете фета и млад кромид. Смотајте го како палачина.

You must be logged in to post a comment Login