Иако повеќето ресторани во својата услуга вклучуваат и пријатно декорирани столчиња, сепак, нивниот дизајн веќе почна да станува монотон и едноставен. Доколку имате повеќе време за подготовки околу вашата свадба, и доколку има можност за тоа, зошто да не направите нешто поразлично и нешто свое.
Денес ви предлагаме интересен начин за декорирање на столчињата за вашата свадба. Сè што ви е потребно се траки во неколку нијанси и секако – столчиња. Земете ги едноставно лентите од страните и врзете ги на задната страна од столчето оставајќи остатокот од траката да виси надолу по средината на столчето. Доколку немате време да ги декорирате столчињата за сите гости, овој дизајн може да го направите само за столчињата на младоженците во сина и розе боја.





You must be logged in to post a comment Login