Едно од најгламурозните случувања секоја година е свеченоста ‘’Мет Гала’’ во Метрополитен музејот. Тоа е бал кој од 1995 година го организира уредничката на списанието ‘’Vogue’’, Aна Винтур.
Во едноставен фустан со коресет се појави прекрасната бразилска манекенка, Андријана Лима, која само пред три дена објави дека се разведува од поранешниот кошаркарски ас Марко Јариќ. Иако на вакви манифестации таа секогаш е радосна и насмеана, на нејзиното лице овој пат можеше да се забележи озбилност.

You must be logged in to post a comment Login