Доколку не ја вадите шминката пред спиење или пак агресивно ја отстранувате шминката од очите, трепките ќе ви бидат кршливи и склони кон паѓање. За да го спречите тоа, ви откриваме како да ги зајакнете трепките на природен начин.
Вазелин
Одличен е за нега и хидратација на трепките. Ги зајакнува и го потикнува нивниот раст. Навечер пред спиење со помош на стапче за уши нанесете мало количество на вазелин на трепките.
Маслиново масло
Со редовно нанесување на маслиново масло, трепките ќе ви станат поздрави и појаки.
Рицинусово масло
Рицинусовото масло ќе го спречи растот на трепките. Но мало количество од маслото измешано со малку жолчка од јајце, ќе ја спречи кршливоста на трепките.

You must be logged in to post a comment Login