Иако на свадбите во центарот на вниманието се невестите, важно е и младоженецот да изгледа средено и стилски за посебниот ден. Постојат неколку начини на кои младоженците може да додадат свежина на нивниот изглед, почнувајќи од највообичаената работа – китенките.
Китенките навистина додаваат свежина од бои на облеката на младоженецот. За оние младоженци кои не сакаат традиционални романтични и цветни китекнки, неколку модерни трендови, вклучувајќи и употреба на памук, пердуви и копчиња, може да бидат дизајнирани за да одговараат на модерните вкусови. Шемата на бои на китенките вообичаено се врзува со остатокот од декорацијата за свадбата и треба да одговара со букетот на невестата. Китенките не секогаш мораат да бидат традиционални, туку може да се претворат во неверојатно креативни додатоци. Погледнете ги овие креативни идеи за китенки.











You must be logged in to post a comment Login