Британската кралса фамилија ужива на турнејата во Австралија, а велигденското утро го поминале во дружење со животните во сиднејската зоолошка градина, што највеќе му се допадна на малиот принц Џорџ.
Осумесечниот принц Џорџ, идниот британски крал, кој со мајката Кејт и таткото Вилијам се наоѓа на турнеја во Австралија, овој велигден по нарачка на војвотката од Кембриџ го поминаа во сиднејската зоолошка градина.
Малиот престолонаследник правеше гримаси и позираше пред камерите пред да отиде да го види необичното животно именувано по него. Станува збор за австралискиот велигденски зајак, кој бил преименуван во Џорџ во чест на малиот принц.
За спомен од ова дружење, принцот добил плишана играчка од зајакот на која многу се израдувал.
Малиот Џорџ потора отишол на одмор, додека неговите родители продолжиле со дружењето со животните, меѓу кои на Кејт најмногу и се допадна коалата.

You must be logged in to post a comment Login