Време за здраво слабеење после пораѓањето е од три месеца до година дена после пораѓањето, а мајките кои во тој период не го симнат вишокот на килограми кој го добиле за време на бременоста, имаат 25 проценти поголем ризик од покачен крвен притисок, дијабетис или срцеви болести.
Повеќе од 80 проценти од мајките не слабеат во првите три месеци по пораѓањето, а екстремното слабеење во стилот на холивудските трудници не се препорачува поради голем шок на организмот.
Сепак после првите три месеца, препорачливо е да почнете полека да слабеете о да се враќате на старата тежина, со што се намалува ризикот од болести.

You must be logged in to post a comment Login