Добра работа кај овие посни колачи е што имаат помалку калории и многу брзо се спремаат.
Состојки:
– 1 филџан мелени ореви
– 1 филџан сецкани ореви
– 1 филџан кафеав шеќер
– 1 филџан масло
– 1 филџан рендани јаболки
– пола филџан кисела вода
– пола филџан пченкарно брашно
– 1 прашак за пециво
Фил:
– 2 пудинга од ванила
– 500 г. рендани јаболки
– 50 г. кокос
– 8 лажици шеќер
– ½ л. Вода
Подготовка:
Состојките за колачот помешајте ги и ставете ги во тепсија обложена со хартија за печење.
Печете на 180 степени, 20-тина минути. Во пола литро вода згответе рендана јаболка со шеќер и додадете 2 пудинга кои ќе бидат претходно разматени во малку вода.
Кога смесата ќе се згусне, прелијте го филот преку колачот и посипете го со кокос.

You must be logged in to post a comment Login