Ако имате првут ви откриваме три природни состојки со кои ефикасно ќе го отстраните овој проблем.
Маслиново масло
Најмалку два пати во неделата измасирајте ја главата со маслиново масло. После масажата коста замотајте ја со пластична кеса или пешкир, оставете маслиновото масло да делува саат време. Косата измијте ја на вообичаениот начин.
Јаболков оцет
После миењето на косата и нанесувањето на регенераторот, косата измијте ја со вода во која сте додале мало количество на јаболков оцет. Бидејки оцетот е богат со калиум, помага да се отстранат изумрените клетки од кожата.
Алое вера
Позната по своето антибактериско својство, алое верата е одлична за лечење на првутот. Нанесете гел алое вера на коренот од кожата и оставете да делува 40 минути. Косата измијте ја на вообичаениот начин.

You must be logged in to post a comment Login