Жените со виткана коса обично жалат бидејки немаат рамна, додека тие со рамна коса сонуваат за раскошна и бујна виткана коса. Ако имате виткана коса, ви отриваме пет причини поради кои треба да бидете горди на своите локни.
Уникатни сте
Секоја локна е уникатна, единствена, со различна текстура и должина. Секој може да има рамна коса, но не може секој да има совршени локни кога ќе се разбуди наутро. Покрај тоа, вашата фризура секој ден може да биде поинаква, во зависност од тоа кои производи за обликување ги користите.
Не ви треба многу четки и чешели
Локните можете да ги обликувате на лесен начин, со прсти. Потребно ви е само еден чешел со широки забци за да можете да ја разчешлата косата после нанесувањето на регенератор.
Здрава коса
Витканата коса често е сува, но хидратацијата е најголемиот проблем за кој треба да се грижите. Ако косата не ја исправувате со пегла за коса, полесно ќе ја зачувате. Косата која не е постојано изложена на топлина најчесто е здрава и сјајна за разлика од таа која често се фенира или пегла.
Преубаво мириса
Веројатно за нега и обликување користите многу производи кои еден дел сте ги избрале поради преубавиот мирис. Вашата коса веројатно секогаш ќе мириса убаво.
Лесно обликување
Со совршени локни ви е потребно многу малку време за да направите најразлични фризури. Дури и обичен украс за коса ќе изгледа раскошно на локните. Доволно е да сте малку креативни и секогаш ќе имате беспрекорна фризура.

You must be logged in to post a comment Login