На повеќето жени им е непријатно да бараат нешто што сакаат на работа, а и кога мораат, не знаат како. Еве добри предлози…
- Научете да кажете не
Но, не навистина да кажете не. Пример: шефот ви дава дополнителна работа во моментот кога веќе сте презафатени. Смирено прашајте го: Што сакате прво да направам?
- Никогаш не го жртвувајте приватниот живот
Ако побараат да работите прекувремено, а вие веќе имате нешто испланирано, објаснете им го тоа, но не навлегувајте во детали. Вашиот приватен живот треба да остане ваш приватен живот и не треба никого да го интересира, се разбира доколку сакате да остане така.
- Делегирајте
Ако сте резервирале зимување неколку недели или месеци порано, сигурно нема да го откажувате во последен момент, поради некој непланиран важен проект. Најдете си адекватна замена и добро информирајте ја замената што треба да прави.
- Врамнотежете се
Ако сте од нешто изнервирани, а треба да имате состанок со шефот, почекајте додека не воспоставите контрола над себе и го презентирате проблемот смирено.
- Замислете го најлошото сценарио
Ако сте несигурни, секогаш замислете го најлошото можно сценарио. Тогаш ќе видите дека тоа и не така страшно, зарем не?
- Фаца, таканаречена скромна мудрица
Кога нешто барате, важно е се, па и изразот на лицето. Го предлагаме гореспоменатиот!
- Умешност на компромисот
Важна е умешноста, бидејќи секој проблем си има и свое решение. Без лутење!

You must be logged in to post a comment Login