Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Зелена Bloody Mary – коктел за детоксикација

Ако сакате во следниот период да го исчистите својот организам од токсини, да го забрзате метаболизмот и да го зајакнете имунитетот, еве совршен пијалок.

Оваа варијанта на коктелот Bloody Mary можете да ја направите со алкохол или без него, во зависност од вкусот и од тоа што планирате да правите по овој кујнски експеримент. Еве го рецептот:

1. Зеленчук

4 зелени домати

2 кисели краставички

1 чешне лук

Прстофат сомелено чили

2. Алкохол

0,5 dl вотка

3. Додатоци

1 исцеден лимон или лимета

Неколку капки табаско сос

Сол и бибер по вкус

4. Зачинет раб

 

Подготовка:

Солта и биберот истурете ги  на тацна. Работ на чашата намокрете го со сок од лимон, а потоа испрпелкајте го во зачините на тацната. Ставете ги во блендер сите наведени состојки и мешајте додека не добиете изедначена смеса. Чашата украсете ја со зачини и наполнете ја со лед, а потоа истурете го во неа коктелот и украсете ја со половина кисела краставичка и една зелена маслинка.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement