Сајмон Кауел ја прашал својата некогашна девојка, пејачката Синита, да биде кума на неговиот син Ерик, кој го добил со својата партнерка Лорен Силверман, пренесуваат медиумите.
Британската пејачка со одушевување ја прифатила понудата, и среќните вести ги поделила со фановите на твитер.
“Сакав да бидете први, после мојата мајка и деца, кои ќе дознаат за мојата нова улога. Сајмон ме праша да бидам кума на неговиот син Ерик”, напишала, и објавила фотографија на која го држи синот на Сајмон.
Синита има две деца, Магдалена и Зек, кои ги посвоила по долга борба за родителство. Имала два спонтани абортуси, а сурогат мајката која ја изнајмила со бившиот маж Енди Вилнер, исто така два пати изгубила бебе. После сето тоа, таа се решила за посвојување, бидејќи и самата првите шест години од животот ги поминала со старатели. Познато е дека она и Сајмон останале во блиски односи по својата романса во осумдесетите години.


You must be logged in to post a comment Login