Хулио Иглесијас откри дека уште ја нема запознаено девојката на својот син Енрике, Ана Курникова, иако парот е во врска веќе 12 години.
“Да бидам искрен, сеуште не сум ја запознал Ана. Моите деца, сопруга и браќа ја имаат запознаено, но јас никогаш ја немам сретнато”.
“Моите деца се многу самостојни и тешко е да го видам Енрике бидејќи често патува насекаде низ светот. Но Ана е многу убава. Моите деца имаат добар вкус. Горд сум на Енрике, он е сјаен дечко. Знам дека не е лесно да се тргне по стапките на својот тактко. Сепак, неговата музика е многу поразлична од мојата и он тргна по друг пат и не сакам да се мешам во тоа. Добро му оди, тој е паметен и шармантен”.

You must be logged in to post a comment Login