Урнебесното видео ја разрешува мистеријата за тоа од каде и е на русокосата со најпознатите колкови необичниот глас, но, исто така, го објаснува нејзиниот близок однос со темната дива од Барбадос.
Провокативнoтo видео на Шакира и Ријана за песната “Can’t remember to forget you”, која има околу 215 милиони прегледи, доби опасна конкуренција во форма на смешна пародија, на која досега е кликнато повеќе од три милиони пати!
Татјана Овенс ги позајмува гласовите на актерките во видеото, кои се речиси со идентична облека, како и комбинацијата на Ри-Ри и Шакира. Комичната изведба е всушност во текстот, преку кој се решава мистеријата за тоа од каде и е на жената на Пике необичниот вокал, но, исто така, ја открива и вистината за нејзиниот однос со секси ѕвездата од Барбадос.
httpv://www.youtube.com/watch?v=3wFwYBPvYu8

You must be logged in to post a comment Login