Ова не е прв пат ѕвездите да ги кријат своите години, а на листата се најде и Џеј Зи.
За наводното криење на годините зборуваше радискиот водител Трој Торен кој тврди дека славниот рапер Џеј Зи оваа година ќе полни 50 години, а не 45 како што тој тврди.
“Можеби не би требало да го откријам ова, Бидејќи Џеј Зи не зборува за тоа јавно, но ние двајца сме врсници. Јас полнам 50 години, а тој 42,43… тоа е се лага” рекол водителот.
Иако во тој случај разликата меѓу Бјонсе и Џеј Зи би била 18 години, на пеачката тоа не и е важно, а многумина и за неа зборуваа дека и таа ги сокрива годините, па наместо 32, таа има 35 години.

You must be logged in to post a comment Login