На Американскиот X Factor во првите 2 сезони паричната награда изнесуваше дури 5 милиони долари, додека минатата сезона беше намалена на 1 милион.
Во неделата заврши првата сезона на X Factor Adria, а победникот, нашиот Даниел Кајмакоски, доби 10000 долари и автомобил Mini Cooper. Да победеше на американскиот или британскиот, би добил повеќе од милион долари!
Американски X Factor
Во првите 2 сезони паричната награда изнесуваше дури 5 милиони долари, додека минатата сезона беше намалена на 1 милион. Освен парична награда, победникот добиваше договор за албум и снимање на неколку спотови.
httpv://www.youtube.com/watch?v=oVkevFxNH8o
Австралиски X Factor
Според правилата на натпреварувањето, победникот на автралискиот X Factor добива награда од 330000 долари.
httpv://www.youtube.com/watch?v=CBL1Mh6Pw-4
Британски X Factor
Во Британија вкупниот фонд изнесува 1,7 милиони долари, со тоа што победникот добива 250000 долари, додека останатиот износ се однесува на договор за снимање албум.
httpv://www.youtube.com/watch?v=7JzyweY5xL0

You must be logged in to post a comment Login