Научниците докажаа дека исхраната може многу да влијае на ризик од предвремено породување.
Една англиска студија спроведена на 66.000 трудници испитувала во колкава мера начинот на исхрана влијае на ризикот од предвремено породување. Во предвид се земени три врсти на исхрана.
Првата група трудници гледала оброците да им бидат пред се богати со овошје, зеленчук, а главниот пијалок била водата. Другата група практукувала намирници со зголемена доза на преработени производи, богати со соја, масти и едноставни шеќери и зголемена комзунација на црвено месо. Во третата група биле жени кои јаделе многу компир, риба, различни сосови, варен зеленчук и нискомаслени млечни прозиводи.
Студијата е спроведена од 2002 до 2008 година, а на крајот е заклучено дека исхраната чии главни извори се овошје, зеленчук, месо и житарици го спречуваат предвременото породување.
Иако на оваа студија не е утврден прецизен механизам со кој врстата на исхрана може да влијае на терминот на породување, научниците нагасуваат дека оваа исхрана ја потврдува важноста за здравата храна, првенствено заснована на овошје зеленчук, житарици и месо.


You must be logged in to post a comment Login