На премиерата на филмот ”Divergent”, ја прашаа Кејт Винслет кој колега ѝ е подраг – Тео Џејмс, со кого глуми во истоимениот филм или нејзиниот партнер од ”Titanic” Леонардо Ди Каприо.
Без размислување, како од пушка одговори:
“Лео е љубовта на мојот живот! Како тоа можете да ме прашате? Да го одберев Тео, Лео веќе никогаш немаше да ми дозволи да преспијам кај него дома.”
Инаку, познатите актери се пријаели од снимањето на филмот “Titanic”, и двајцата изјавија дека ги поврзува пријателството и ништо повеќе.
“Многупати плачев на нејзиното рамо кога имавме потешкотии на снимањето на ‘Titanikс’ и оттогаш сме многу добри пријатели. Само пријатели, но не и љубовници”, изјави своевремено Леонардо.

You must be logged in to post a comment Login