Пижамите повеќе не се хит. Спиењето без алишта или без спавачица станало обавезно од кога експертите навеле дека поради тоа ќе се чувствувате секси, ќе имате затегнати мускули и самодоверба.
Добро е за интимните делови – Џенифер Ланда, авторката на книгата The sex drive solution for women, тврди дека спиењето без долна облека е по здраво за вагината. Бактериските инфекции се нормална појава, но топлото опкружување може да ја влоши ситуацијата. Поради тоа, не облекувајте долна облека кога спиете.
Подобро ќе спиете – Лиса Шивс од National Sleep Foundation тврди дека позсдраво е да се спие во поладна просторија. Нормално е температурата на телото постепено да се снижува додека спиете, а пижамите и дебелите покривки тоа можат да го пореметат.
Ќе бидете попривлечни – Наташа Тарнер, авторка на книгата The hormone diet појаснува зашто не е добро телото да е претопло додека спиете. Може да дојде до пречка при ослободување на мелатонин и хормонот зза растење, односно најважниот хормон за успорување на стареењето. Како температурата на телото опаѓа, хормонот за раст се ослободува што допринесува за подобар изглед на кожата и косата.
Наслагите на стомакот ќе исчезнат – Ако спиете голи, ќе спиете потврдо. Тоа овозможува да нивото на кортизол, таканаречениот хормон за стес опаѓа и ја одржува енергијата и нивото на глад под контрола.
Ќе имате поголема самодоверба – Чувството на ладна постела на кожата може да биде многу секси, а ако се чувствувате секси, тоа на вас ќе ви ја зајакне самодовербата.
Подобар секс – Спиењето без облека добро е и за во врска, бидејки меѓусебното допирање на кожата го зголемува хормонот окситоцин кој е заслужен за добро чувство на заљубеност. Спиењето без облека потсеќа на секс, а врската во која има повеќе секс и двајцата партнери се посреќни.



You must be logged in to post a comment Login