Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Вистинска гозба: Со што најдобро се комбинира јајце на око?

Во комбинација со одредени намирници, обично јајце на око може да стане вистински гурманлук.

Ако едно од омилените јадења ви е јајце на око, дополнете го со одредени намирници и уживајте во вистинска гозба.

 

Салата со јајце на око

Не само што салатата ќе изгледа одлично кога одозгора ќе го ставите јајцето, туку веднаш ќе добиете еден вид прелив штом ќе ја дупнете жолчката. Обидете се да комбинирате класична зелена салата и пржено јајце на око.

Тост

Јајце на тост е вообичаена комбинација, но зошто да комплицирате кога најдобрите работи понекогаш  се многу едноставни? Јајце на око, па уште комбинирано со тост не може да биде грешка, особено ако додадете домат и сирење.

 jaje-na-oko-1395143383-30376

Пица

Постојат намирници кои не се ставаат на пица, но јајце во средината не е на таа листа. Се што треба да направите е да ставите неколку јајца пред да ја ставите пицата во фурната. Изненадувањето ќе биде совршено – белката крцкава, а жолчката мека и вкусна.

Комбинација со тестенини

Сакате јајца и шпагети? Спојте ги со зеленчук и зачинете си го животот со одлично јадење. Зеленчукот може да биде зиво или варено. Јајцето се разбира оди одозгора.

Кељ и јајце

Овој зеленчук е идеален за комбинација со јајца. Кељот може да го испржите со малку сланина и маслиново масло и лук и да го додадете јајцето.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement