Свесноста може да има дејство на аналгетик, тврди холистичкиот доктор Дарен Ваисман. Научете како да ја намалите болката предизвикана од стрес.
Учесниците во студијата на Health Psychology во период од 2 недели, по 7 минути дневно ја практикувале оваа метода и значајно ја намалиле болката предизвикана од стрес.
Следете ги овие чекори:
- Прифатете ја болката. Внимавајте на интензитетот на болката и придружните емоции, без разлика дали се работи за стрес, тага или фрустрација.
- Запрашајте се како сакате да се чувствувате. Замислете си како сите овие емоции се обединуваат и помислете си – јас сум спокојна во своето тело.
- Вежбајте секојдневно. Со текот на времето позитивната реакција на стресот ќе стане автоматска и ќе го поттикне процесот на внатрешно исцелување.

You must be logged in to post a comment Login