Очигледно, на другите членови од бендот им здосадило што Хари е секогаш во прв план и што сите пишуваат само за него. Исто така, Стајлс е убеден дека ги надраснал границите на бој бендот.
Се чини дека на другите членови од групата “One Direction” конечно им здосадило Хари Стајлс постојано да биде во преден план и да го привлекува целото медиумско внимание, па како што наведуваат британските медиуми, само прашање на време кога Стајлс ќе биде исфрлен од популарниот бој бенд.
Според изворот, кој е добро упатен во ситуацијата во групата, на останатите момци се повеќе им пречи рекламирањето на Хари, и насловните страни кои ги полни со своите љубовни авантури и најави за соло проекти. Тие на Стајлс му замеруваат што сите го споменуваат него, а не “One Direction”.
Меѓутоа, ниту Хари не е задоволен – бидејќи најмногу пари заработуваат Лијам и Луис, кои се автори на поголемиот дел од песните , тој е убеден дека како најпопуларен и најталентиран член на бендот би требало да заработува многу повеќе. Исто така младиот пејач веќе работи на соло проект и уверен е дека надраснал границите на бој бендот. Тука е и неговата намера да се обиде и во Холувуд, а на филм наскоро дебитира во остварувањето на “Wicked”.
Како ќе се одвива оваа напната приказна, ќе видиме наскоро.
httpv://www.youtube.com/watch?v=W-TE_Ys4iwM
httpv://www.youtube.com/watch?v=o_v9MY_FMcw

You must be logged in to post a comment Login