Марија Антоанета, Кралицата на Франција која ја паметиме по изјавата “Нека јадат колачи”, својот живот го поминала водена од тоа правило.
Кралицата на Франција често уживала во десерти, пикантни специјалитети и гурмански оброци. Како ли само успеала да ја одржи витката линија и обемот на струкот од само 58 сантиметри? Ви откриваме неколку слатки кралски тајни од 18 век.
Кралицата не можела да им одолее на раскошните десерти, се препуштала на вистинските гурмански оброци и уживала во гастрономските специјалитети како што и доликува на нејзиниот статус. Како е возможно да одржува витка линија и обем на струкот од само 58 сантиметри, поради што, како што се наведува во некои историски извори, не и било потребно да носи корсети под тесно скроените фустани.
Тајната на тенката половина е во правилниот распоред на оброците, при што за доручек се консумира одредена количина десерти, а за вечера се служи само лесен оброк.
Доручекот на Марија Антоанета се состоел од пецива со кафе или топло чоколадо, за предјадење јадела паштета, остриги и јастог, а за ручек гулаш од зајак, лосос, школки. Во текот на денот јадела макарони со сирење и зеленчук во пикантен сос.
Режимот на исхрана на француската кралица го одразува т.н. ”француски парадокс”, каде што се јаде калорична храна, а сепак се одржува витка линија, а со самото тоа се избегнуваат и проблеми со срцето.
Клучот на исхрана на Марија Антоанета е во внесувањето на слатки за појадок, при што апетитот се задоволува на подолг период, додека вечерата се состои од супи или зеленчук, каде што е важно да не се консумира нездрава и силна храна, ниту пак алкохол.
Затоа препуштете се на кралската гозба – сладок доручек, ручек по ваш избор и лесна вечера пред 20 часот, и нема да имате проблеми во одржување на витката линија.



You must be logged in to post a comment Login