Ова е листа на намирници која може да ви помогне конечно да го добиете унапредувањетоJ
Без разлика дали ве чека важен ден на работа или пак претходната ноќ сте заглавиле на забава и малку сте спиеле, овие намирници ќе ви помогнат да бидете полни со енергија.
Вода
Чувствувате дека вашиот мозок се успорил? Ако претходната ноќ сте консумирале алкохол, тогаш тоа е причината. Мозокот се состои од 80% вода, а за алкохолот е познато дека го “суши” организмот. За да ја исправите грешката и забрзате мозочната активност, консумирајте поголема количина вода.
Лосос
Добро подмачкајте го вашиот мозок DHA (докосаексаеноичната киселина), тип омега–3 заситени масни киселини. Одличен извор на оваа многу корисна супстанца е рибата, особено лосос. Една порција може значително да го подобри вашето памтење, но и да ја зголеми способноста на решавање на проблемите.
Јајца
Појадокот сам по себе е многу важен за правилно функционирање на мозокот. Уште ако содржи едно варено јајце, никогаш повеќе нема да ви се случи да заборавите на состанокот или да испратите важен мејл. Јајцата полни со невротрансмитери, кои се важни за подобрување на меморијата.
Чај
Опуштете се со чаша топол чај. Тој помага во одбрана на организмот од умор и ја зголемува концентрацијата. Ова особено важи за зелен чај, бидејќи е полн со антиоксиданси.
Портокал
Додека грицкате портокал за ужина, со леснотија ќе го решите проблемот кој ви ја попречува работата. Ова овошје богато со витамин Ц, ја зголемува менталната брзина и моторните способности.
Црно чоколадо
Комплетно генијална намирница. Црното чоколадо го поттикнува хормонот на среќа што значи го подобрува расположението и ја ублажува депресијата. Со консумирање на една коцка црно чоколадо дневно може да ја подобрите менталната способност како што е будноста, концентрацијата и помнењето.
Мусли
Овесот може да делува како природен хипнотизер, но, исто така, може да ги избистри вашите мисли! Тој е одличен извор на цинк и ја зголемува концентрацијата и помнењето.
Спанаќ
Не дозволувајте вашата интелигенција да опаѓа со годините. Витаминот К во лиснатиот зеленчук ги штити мозочните функции, затоа фрлете се на овие зелени листови што е можно поскоро.









You must be logged in to post a comment Login