Сигурно некаде во домот имате бебешко масло – дури и ако немате бебе. Маслото е одлично за бебињата бидејќи ја прави кожата мека и нежна. Наша препорака е и вие да го користите на следниве начини:
Отстранување на шминка
Со помош на неколку капки бебешко масло, за само неколку секунди може целосно да ја отстраните водоотпорната шминка. Маслото е подобро од класичните производи за отстранување на шминка, бидејќи делува брзо и ја негува кожата.
Отстранување на лепак од трепките
Вештачките трепки изгледаат супер, но лепакот со кој се нанесуваат често може да се задржи дури неколку дена на очите. Ќе го отстраните без проблем со помош на бебешко масло, а истото важи и за остатокот од лепакот на ноктите или образите по нанесување на вештачките трепки.
За кожата на телото
Бебешкото масло може да се нанесува на кожа, но се впива подолго и често остава таги на облеката. Попаметно е да ставите неколку капки во лосионот за тело и таа мешавина да ја намачкате на кожата.
Мазни нозе после бричење
Бебешкото масло ја смирува кожата, затоа е добро да се нанесе на кожата после отстранување на влакненцата. Освен тоа што го смири црвенилото, вашите нозе ќе бидат мазни и негувани.
Купка од масло
Бебешкото масло слободно може да го додадете во када со топла вода или во вашата купка. Доволно е количество од четрврт капаче за да се истури во купката.
Во борба против стриите
Стриите настануваат кога кожата се растега и тоа најчесто се случува во бременоста. Со редовно нанесување на бебешко масло на критичните зони, ќе ја спречите оваа појава.







You must be logged in to post a comment Login