Поп ѕвездата Кети Пери пробала да изигра на картата “дива” во прилика на една модна ревија во Милано и си дала на себе право на истата да закасни цел саат време, на што бројните посетители а и фото репортери и новинари кои ја чекале не и опростија, веќе без пардон ја исвиркале.
Пејачката која и самата требала да прошета по пистата, не ни помислила дека наместо аплауз и одушевувања во салата ја дочекале огорчените фанови и новинари кои почнале да свиркаат додека таа позирала и поздравувала поединци во публиката. Иако од прво на пистата таа успеала да се задржи од коментари, Пери не можела да крајот да одглуми сталожена, баш напротив, веднаш по ревијата на патот до своето возило експлодирала и почнала да ги турка и да ги пцуе фото репортерите и новинарите кои ја прашувале како се чувствува по негодувањето на публиката.

You must be logged in to post a comment Login