Состојки:
400 гр макарони
300 гр шампињони
Мисиркина шунка
сирење
сушено месо
кечап
оригано по вкус
малку путер
Прелив:
2 јајца
1 чаша јогурт(или павлака за готвење)
½ лажица сол
Подготовка:
- Макароните се варат во солена вода, се цедат, и се плакнат со ладна вода. Додадете на ситно сецкани коцки Мисиркина шунка, пушено месо, ситно рендан кашкавал, кечап и оригано. На малку масло се пржат исецканите печурки на ливчиња, посолени. Пржените печуки додадете ги исто така во смесата.
- Сите заедно се соединуваат, па се ставаат во огноотпорни садови, премачкани со малку маргарин.
- Врз нив ставете кечап и сирење по желба
- Изматете ги јајцата и јогуртот (или павлаката за готвење), сол, и филот прелијте го врз сирењето. Над него изрендајте уште сирење и посипете ги со оригано.
Се пече во загреана рерна на 200 ° С
Се служи топло!

You must be logged in to post a comment Login