Специјално за девојки, кои сакаат да експериментираат со својот изглед, имаме одлична идеја за маникир. Маникир на обоени дамки.
Овој дизајн на нокти е доста лесен, но бара доза концентрација и трпение. Ефектот сепак е навистина импресивен.
Идеален е за летото кога светлите бои во изобилство се апсолутно задолжителни.
За да си направите вакви нокти потребни ви се основа, топ лак и 4 лака за нокти во различни нијанси.
Доколку ви се допаѓа идеата, погледнете го видеото и направете ги своите нокти.

You must be logged in to post a comment Login