Ако имате проблем со проширени пори еден од најлесните начини да го решите овој проблем е домашна маска каде основна компонента е белката од јајце.
Најлесната маска е од една добро изматена белка со додадени неколку капки сок од лимон. Нанесете ја смесата на лицето и оставете да делува 15 минути, а потоа исплакнете со млака вода.
За да се справите со митесерите пробајте ја следнава маска. Изматете една белка, додадете една мала лажичка мед и една лажичка пченично нишесте. Измешајте добро и нанесете ја смесата на чисто лице. После 20 минути измијте го лицето со млака вода.
А еве и една маска за која велат дека прави чуда! Процедете низ двојна газа една чаша кисело млеко оставајќи го 3-4 часа да се цеди. Додадете една добро изматена белка и два здробени аспирини. Измешајте ги сите компоненти и нанесете ја смесата на лицето. Почекајте маската да се исуши и да почне да паѓа сама. На крај измијте со топла, а после со студена вода.

You must be logged in to post a comment Login