Таа е трагична хероина на 20 век. Актерката која е паметиме по улогите на комични, луцкасти, и често нестабилни девојки, иако пред крајт на својот жовот играше сериозни, драмски улоги. Мерлин беше секс симбол и една од најпознатите филмски диви на педесеттите години на минатиот век, која животот трагично го заврши со предозирање од коктел лекови на 36 години.
Ве потсетуваме на 10-те познати цитати на легендарната Мерлинка…
- Ако можете да наведете жена да се смее, можете да ја наведете на било што…
- Кариерата е прекрасна, но неможете со неа да се згреете во студените ноќи…
- Не ми пречи што живееме во машки свет додека можам да бидам жена во него…
- Мудрата девојка бакнува, но не сака. Слуша, но не верува и остава пред да биде оставена.
- Не знам кој ги измислил високите потпетици, но знам дека сите жени многу му должат!
- Пред брак жените треба да водат љубов со мажот за да го задржат, а во брак треба да го задржат мажот за да водат љубов со него.
- Да ги почитував сите правила, никогаш никаде немаше да стигнам.
- Подобро да ве мразат поради тоа што сте, отколку да ве сакаат поради тоа што не сте.
- Кучињата никогаш не ме повредиле. Само луѓето!
- Сите сме родени како сексуални личности, но штета што некои луѓе ја презираат и уништуваат оваа природна дарба.

You must be logged in to post a comment Login