• Сподели на:

Џесика Алба спремна за Dior

___

Шармантната и неодолива актерка Џесика Алба беше вистинско олицетворение на француската елеганција на модната редија на Dior на четвртиот ден од модната недела во Париз.

На неа Dior изгледаше како најубав дијамант во првиот ред на ревијата на оваа познатата модна куќа, која се одржа на 28 февруари 2014 година на модната недела во Париз.

За оваа пригода, популарната актерка Џесика Алба носеше стилски, црн волнен костум со темно син капут од кашмир на Chanel во кој делува посериозно одколку што сме навикнати да ја гледаме.

Сепак, посебен француски шарм на ова комбинација дадоа шик белите чизми кои Џесика ги носи со плик бела чанта на Dior. Дополнителни детали за конечниот потпис на Dior се златните обетки.

Погледнете и сами како Џесика изгледа.

3

4

2


Оставете коментар

___