Прочитајте кои совети ги добиваат холивудските ѕвезди од стилистите, за да ги прикријат недостатоците и секогаш да изгледаат заносно и гламурозно.
1. Класиката не застарува
Црни маици, ролки и фустани, како и бели кошули или класични џемпери => секогаш актуелни
Затоа користете ги сезонските распродажби, купувајте вакви модели за да можете да ги комбинирате со различна гардероба и да ги носите во повеќе наврати.
2. Тренди да, но до одредена граница
Гардеробата треба да ви одговара на годините и изгледот. Нема потреба да се стегате во мини сукњи, ако не ви одговара. Подобро облечете сукња над колена и ќе изгледате пософистицирано.
3. Стегачот ви е најдобар сојузник
Стегачите денес се подобро дизајнирано од порано. Технологијата дотолку го усовршила овој производ, што воопшто не се забележуваат и се удобни за носење. Пожелно би било да имате по еден во вашиот орман, за секој случај. Не бирајте никогаш кнап верзија, подобро е да ви е поудобен.
4. Не штедете пари на квалитетна гардероба
Не штедете на работи кои се вечни и кои сигурно ќе ги носите со години: интелигентно е да вложите пари во црни пантолони, бела женствена блуза и црна тесна сукња. Овие модели се основа на женската гардероба, затоа што можат да се комбинираат и да се носат во многу пригоди.
5. Потпетиците се задолжителни
Носете потпетици, макар и со мала и незабележлива штикла. Запомнете: колку што е повискота потпетицата дотолку повеќе ќе изгледате послаби, поженствени а и подобро ќе го држите телото…одот ќе ви биде поелегантен. Потпетиците на платформа се исто така мудар избор, удобни се, зглобот е под природен агол и постабилни се.
6. Купувајте облека во вашиот број
Понекогаш жените купуваат гардероба еден број поголема, за да изгледаат поситни. Погрешна тактика.
Ефектот е спротивен, тврдат стручните лица, односно жената изгледа покрупно заради наборите и вишокот материјал. Дури и ако купувате фармерки со ликра, и тие мораат да бидат во вашиот број.
7. Не истакнувајте ги маните
И гардеробата може да влијае на вашата силуета. Ако имате широки колкови, тогаш носете облека која ќе го покаже тенкиот струк: бирајте фустани или топови кои паѓаат. Испробајте различни стилови и величини, додека не ја откриете совршената комбинација. Жените кои имаат широки раменици, треба да облекуваат маици со “V” отвор – колку е подлабок, толку рамениците изгледаат помали.
Ако немате совршено нозе, не покажувајте ги. Избегнувајте тесни, кратки сукњи или светли панталони и избелен џинс. Таквите тонови привлекуваат внимание. Ако имате појаки колкови, за вас дефинитивно не се карго панталоните со дополнителни џрбови, затоа што ќе додадат на обемот.
8. Добар аксесоар е вашиот главен адут
Доколку имате во план да купувате детаљи со кои ќе го надополните вашиот стил следната сезона, одете во оделението за млади или пак во тинејџерските продавници. Ќе најдете навистина интересни аксесоари по ниски цени. Не пропуштајте да се бутнете по продавниците, кои се надвор од главните и големи шопинг центри.

You must be logged in to post a comment Login